Филипче: Интеграција во ЕУ со македонски јазик и идентитет не е прашање на Бугарија, туку на Европската унија

„Интеграција во ЕУ со македонски јазик и идентитет не е прашање на Бугарија, туку прашање на Европската унија. Ако сега не се направи чекор, ризикуваме да го изгубиме моментот за проширување. Има прогрес во преговорите, а Црна Гора и Албанија исто така бележат напредок. Очигледно е дека поради геостратешки интереси на Европската унија, вратата е ширум отворена“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг.

Тој додаде дека не е сигурно дали условите во 2027 година ќе бидат исти како сега, и дали тогаш ќе имаме можност да направиме чекор кон Европската унија.

Филипче потенцираше дека внесувањето на малцинствата во Уставот не се однесува само на Бугарите, туку и на други малцинства.

„Со овој чекор, кој не претставува никаков ризик за нашиот национален идентитет, култура и јазик, преку уставните измени ги остваруваме националните интереси за долгорочно членство во Европската унија и интеграција со македонски јазик и идентитет“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Scroll to Top