(Фото) Гори на неколку места во Скопје, невремето предизвика пожари

По силното невреме проследено со интензивни ветрови, во повеќе делови од Скопје се предизвикани материјални штети и регистрирани пожари.

Надлежните служби внимателно ја следат состојбата, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) е во постојана координација со сите релевантни теренски служби.

Директорот на ЦУК, Мухамед Алу, заедно со дежурните служби, ги координира активностите и ги информира институциите со цел навремено постапување. Според досегашните информации, нема повредени лица.

ЦУК апелира до граѓаните кои имаат претрпено материјални штети или забележале дополнителни ризици веднаш да се јават на бројот за итни повици 112.

Според информациите поради искрење на жиците за електрична енергија, гори кај селото Крушопек на планината Водно. Пожар е забележан и во близина на спорската сала „Борис Трајковски“, во скопското село Волково, а во Ѓорче Петров силниот ветер откорна покрив на зграда. Скопјани информираат и за неколку паднати дрва кои го блокираат сообраќајот во градот.

Scroll to Top