Фанови од сите возрасти вечерва се собраа пред арената „Борис Трајковски“ да му оддадат почит на починатиот музички маестро Владо Јаневски.




Меѓу нив беше и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Во чест на Владо Јаневски… Вечерва, пред платото на СЦ „Борис Трајковски“, одадовме почит кон човекот кој со своите песни остави белег во срцата на генерации. Владо беше емоција, спомен, љубов кон градот, кон луѓето, кон Македонија. Неговите песни се дел од нашите животи, од нашите радости, од нашите тивки моменти, од нашите победи. Ти благодариме за сѐ, Владо. Ти благодарам што ми подари победничка химна за Скопје.
Легендите не заминуваат. Тие остануваат во песните, во спомените и во срцата на луѓето. Вечна благодарност и почит“, напиша Ѓорѓиевски.







