(Фото) Марихуана скриена во крем и павлака откриени во автомобил на ГП Стар Дојран

Марихуана скриена во пакувања со крем и павлака се откриени во авомотбил на Граничниот премин Стар Дојран, а уапсени се две лица.

Според информациите на МВР, вчера околу 23:30 часот на Граничен премин Стар Дојран, полициски службеници ги уапсиле 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С.(36) со живеалиште во Нов Дојран.

При контрола и преглед на патничко возило „сеат атека“ со гевгелиски регистарски ознаки на излез од државата, кое го управувала А.К., а сопатник бил Н.С., биле пронајдени и одземени пет торбици во кои имало 66 пакувања со марихуана.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија.

Scroll to Top