(Фото) Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ со капацитет за 1.150 студенти

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање, соопшти денеска премиерот, Христијан Мицкоски.

„Можам само да кажам дека проблеми има, наследивме илјадници би рекол проблеми, секој ден решаваме по некој проблем, еве денеска сме тука да присуствуваме на ова навистина прекрасно издание, студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти овде ќе ја градат својата студентска иднина“, рече тој.

Мицкоски додаде дека условите кои што денеска ги имаат студентите се навистина најдобри во регионот, можеби и пошироко.

„Навистина имаме европски услови, тоа кое што тие треба да го прават само да се посветат на учењето, да ги завршат студиите, се разбира и понатаму да го управуваат својот живот. Она кое што ние како Влада го правиме додека некои седат и од страна само критикуваат без аргументи, нема поголем аргумент од испораката на проекти и исправање на пропустите и грешките од минатото. За жал се илјадници. Работиме по приоритети, работиме врз основа на можностите кои што ги имаме на располагање. Голема благодарност до нашите партнери, Германската развојна банка, Европската Унија, голема благодарност до колегите од Владата, до вработените во студентскиот центар, во студентскиот дом тука, за трпението. Наеднаш ќе имаме 1.150 нови легла, капацитет што досега го немавме“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека очекува на крајот на овој месец да се пушти и вториот студентски дом.

Scroll to Top