Тројца жители на скопското село Блаце се лишени од слобода поради сомнение за криумчарење стока преку македонско-косовската граница.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 31 јули 2026 година околу 23 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, постапувајќи по оперативен план за спречување и откривање на криумчарење, ги лишиле од слобода Н.Б. (27), Х.Б. (26) и Е.Џ. (21), сите од село Блаце.
Тројцата биле затекнати на граничната линија меѓу село Блаце и Хани Елезит додека товарале стока која, според полицијата, била нелегално внесена од Косово.
При интервенцијата биле пронајдени товарно возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „хјундаи“ без регистарски ознаки, кои биле одземени заедно со криумчарената стока.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.







