Четирицикл излетал од патот во Тетовско, двајца млади завршија во болница со повреди

На регионалниот пат Тетово–село Јажинце, во тетовското село Одри, се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со тетовски регистарски ознаки излетал од коловозот.

Несреќата била пријавена во СВР Тетово на 12 април во 12:35 часот, а со четирициклот управувал М.Ќ. (19) од село Теарце.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А. (20) од село Слатино, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Со тешки телесни повреди се здобил и возачот, кои биле констатирани во Ургентниот центар во Тетово.

Фото: Depositphotos

Scroll to Top