Полицијата поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„На 6 септември полициски службеници извршиле преглед кај малолетникот, при што кај него биле пронајдени и одземени пиштол со рамка и куршуми, калибар 7,65 мм, кои пријавениот неовластено ги поседувал и носел со себе“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.







