Штипјанец упатувал закани кон вонбрачната партнерка, па предизвикал пожар во домот од нејзината куќа

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Д.(40) од Штип.

Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување општа опасност“.

Имено, на 30.05.2026 преку социјална мрежа, пријавениот упатувал закани на неговата вонбрачна партнерка, а потоа во дворот од нејзината куќа со запалива течност предизвикал пожар.

Scroll to Top