Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја прифати поканата за телевизиска дебата со својот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица, која ќе се одржи на Канал 5 телевизија.
„Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје“, изјави Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија.
Тој додаде дека ова е прва телевизија со национална концесија што упатила официјална покана за дебата.
Ѓорѓиевски и Мециновиќ ќе се соочат во вториот круг од локалните избори за градоначалник на Скопје, кој ќе се одржи на 2 ноември.







