Ја натепал сопругата па ги нападнал и полицајците откога пријавила, приведен 44-годишен стружанец

Ноќеска, неколку часа по полноќ полицијата го привела 44-годишниот Б.Д. во струшко село по претходна пријава дека заедно со уште еден член на семејството, физички ја нападнале неговата сопруга. Од МВР известија дека Б.Д. се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top