Јавна дискусија за ДУП во Ѓорче Петров, граѓаните може да се вклучат

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи на 15 август со почеток во 9 часот во салата на Град Скопје барака 13 и тоа за Градска четврт СЗ 20 (од 9 до 10 часот), C3 21 (од 10 до 11 часот), C3 24 (од 11 до 12 часот) и C3 25 (од 12 до 13 часот). „Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје барака 16 или електронски на адресата [email protected] “, се наведува во соопштението. Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.

Scroll to Top