„Ако Реал Мадрид го сака Мурињо, тоа значи дека се без план“

Поранешниот голман на Реал Мадрид, Јержи Дудек, смета дека враќањето на Жозе Мурињо на „Сантијаго Бернабеу“ е чекор назад за Реал Мадрид. Според него, клубот треба да има појасна долгорочна визија.

Тој особено нагласи дека дури и за време на првиот мандат на Мурињо, атмосферата во соблекувалната не била идеална. Потсети дека некои играчи немале голема верба во тогашниот тренер.

„Жозе Мурињо во Реал Мадрид? Тоа е голема контроверза. Многу од моите соиграчи, како Икер Касиљас и други, се на мислење дека не е вистинско време. Ако Реал сака да го доведе Жозе, тоа значи дека немаат план“, рече Дудек.

Мурињо го водеше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година. Во тој период, тој ја освои титулата шампион на Шпанија, Купот на кралот и Суперкупот.

Scroll to Top