Алварез сака во Барселона – Атлетико: Може за 500 милиони евра

Аргентиснкиот напаѓач, Хулијан Алварез (26), откри дека е подготвен да го напушти Атлетико Мадрид ова лето за да го оствари својот трансфер од соништата. Иако моментално е на Светското првенство со аргентинската репрезентација, најмногу сака да го смени клубот.

Пред две години, Атлетико го купи од Манчестер Сити за 75 милиони евра ( и 20 милиони преку потенцијални бонуси). Оттогаш, на 106 натпревари, постигна 49 гола и забелеѓа 17 асистенции, но не освои ниту еден трофеј. Алварез, кој освои сè со Ривер Плата, Манчестер Сити и Аргентина, затоа сака да оди во клуб каде што ќе освојува трофеи.

Тој ја потврди својата желба да замине синоќа, по победата на Аргентина над Австрија, иако навести дека нема да се постигне договор пред крајот на Светското првенство.

„Не е момент да се зборува за тоа, но не можам ниту да кријам“, им рече Алварез на новинарите. „Се обидувам да бидам искрен. Разговарав со луѓе од Атлетико Мадрид и мислам дека трансферот е најдоброто решение за сите. Сакам да го исполнам мојот сон.“

Се подразбира дека „сонот“ на 26-годишниот напаѓач е да се пресели во Барселона, но односите меѓу двата клуба се нарушени. Барселона веќе се обиде да го доведе Алварез, но нивната понуда од околу 100 милиони евра беше одбиена. Атлетико Мадрид сега се заканува со тужба против Барселона поради начинот на кој пристапиле кон играчот.

„Нема сума за која Барса може да го купи Хулијан Алварез. Тој нема да се пресели во Барселона“, изјавија од Атлетико за „АС“. „Или ќе ја платат откупната клаузула од 500 милиони евра или нема ништо од трансферот.“

Алварез има уште четири години од договорот, кој ја вклучува и претходно споменатата откупна клаузула. Се појавија информации дека Атлетико би бил подготвен да го продаде за 150 милиони евра, но тоа се покажа како неточно.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top