Алекс Фергусон итно префрлен од „Олд Трафорд“ во болница

Легендарниот Сер Алекс Фергусон беше итно префрлен во болница откако му се слоши на „Олд Трафорд“.

Фергусон планираше да го гледа големото дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, не се чувствуваше добро и беше однесен во болница.

Ова беше превентивна мерка и постои оптимизам дека ќе се опорави дома.

Фергусон (84) беше однесен во болница еден час пред почетокот на натпреварот.

Не е прв пат Шкотланѓанецот да има здравствени проблеми, бидејќи доживеа мозочен удар во 2018 година.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top