Артета: Не разбирам зошто ВАР ни поништи чист пенал

Атлетико Мадрид и Арсенал одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите во Мадрид.

Арсенал поведе со голот на Виктор Ѓекерес од пенал во 44-та минута, а Атлетико израмни преку Хулијан Алварез во 56-та минута, исто така од пенал.

Натпреварот беше обележан со бројни шанси и дури три одлуки за изведување на пенали, од кои една беше поништена по интервенцијата на ВАР.

„Беше чист пенал врз Езе, не разбирам зошто беше поништен по интервенцијата на ВАР. Првите два пенали беа пенали. Во Премиер лигата никогаш немаше да бидат досудени, но ова е Лига на шампиони“, рече тренерот на Арсенал, Микел Артета и заклучи: „Не сум задоволен од тоа како го отворивме второто полувреме, но бевме подобри во последните 10 минути“.

Реваншот во Лондон, ќе се одигра во вторник.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top