Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Севилја, забележаа победи во натпреварите од шестото коло.
На „Метрополитано“, Атлетико ја прегази Осасуна со 4:0. Вистинско чудо е како Осасуна прими само четири гола на гостувањето во Мадрид. Гостите од Памплона не упатија ниту еден удар во рамките на голот, на Јан Облак.
Од друга страна „јорганџиите“ извршија инвазија кон голот на Аитор Фернандез. Искусниот 35-годишен голман, прими четири гола, при тоа имаше шест успешни интервенции.
Гостите издржаа до 24-та минута кога Џонатан Давид го постигна водечкиот гол, негов втор откако пристигна од Јувентус.
Канг-Ин Ли го дуплираше водството во 54-та минута, Робин Ле Норман го зголеми резултатот на 3:0 девет минути подоцна, а Алекс Баена го постави конечниот резултат во 82-та минута.
Севилја и го нанесе првиот пораз во сезоната на ла Кориуња. На „Риазор“, Севилја победи со голот на Мишел Сиера во 52-та минута, а седум минути подоцна Депортиво остана со еден играч помалку поради исклучувањето на Анхелињо.
Foto/ EPA







