Барселона против Атлетико Мадрид

Барселона вечерва ќе го пречека Атлетико Мадрид, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Ова ќе биде вториот чин од 10-дневната трилогија меѓу овие тимови. Во саботата, играа во Мадрид, во домашното првенство, а реваншот ќе се одигра наредниот вторник.

Победата на Барселона, во саботата (2:1), беше драматична и котроверзна. Атлетико играше без неколку ваѓни играчи: Облак, Љоренте, Кардосо, Бариос, Алварез, Лукман…и потклекна дури во 87-та минута, кога Левандовски „несакајќи“ постигна гол.

Очекувано е вечерва Маркос Љоренте, Адемола Лукман и Хулијан Алварез сигурно да бидат во стартниот состав. Како ќе се снајде Барселона без повредените Рафиња и Марк Бернал и веројатно Френки Де Јонг, останува да се види.

Иако Барселона имаше повеќе успеси и на домашен терен и на европска сцена во споредба со својот противник, Атлетико сигурно има предност во дуелите меѓу овие два шпански гиганти во Лигата на шампионите – сите нивни претходни средби во натпреварувањата на УЕФА се играа во четвртфиналето, а Атлетико два пати ја елиминира Барселона (2013/14 и 2015/16).

Доколку Атлетико сака да направи хет-трик во четвртфиналните пресметки со Барселона, ќе мора да ги држи домаќините под контрола во оваа средба.

Тимот на Ханси Флик постигна импресивни 19 гола во последните четири домашни натпревари во ова натпреварување, а победата од 7:2 против Њукасл во реваншот од осминафиналето дополнително го истакна нивниот напаѓачки потенцијал.

Со 55 постигнати гола во 12-те натпревари на Атлетико во Лигата на шампионите оваа сезона, вклучувајќи 12 во спектакуларниот осминафинален натпревар против Тотенхем, тешко е да се замисли дека некој тим дефанзивно ќе влезе во овој клучен прв натпревар.

Победата на Атлетико со вкупен резултат од 4:3 против Барселона во неодамнешното полуфинале на Копа дел Реј дополнително ја потврдува оваа констатација.

Јасно е дека во двата тима има исклучителен напаѓачки потенцијал.

Ламин Јамал, кој постигна гол во последните три натпревари на Барселона во Лигата на шампионите, ќе го предводи нападот на домаќините, додека Хулијан Алварез го предводи Атлетико, со 14 гола во последните 17 натпревари во натпреварувањето.

Scroll to Top