(Видео) Арнаутовиќ не му дозволи на Јордан да приреди сензација

Фудбалерите на Австрија го победија Јордан со 3:1 (1:0) во натпреварот од првото коло од Групата Ј на Светското првенство.

Херој на нацијата е Марко Арнаутовиќ, кој од влегувањето на теренот ја раздвижи Австрија и ја однесе до победата.

Тој имаше директно влијание врз автоголот на Ал Араб во 76-та минута, само четири минути откако на му беше поништен голот по долгата проверка на ВАР.

Во длабокото продолжение, тој изнуди и пенал кој конечно го претвори во свој деби гол на Светските првенства. Со почетните три бода, избраниците на Ралф Рангник израмнија на врвот на табелата со Аргентина, со која ќе се сретнат во следната рунда.

Европејците славеа против аутсајдерите потешко од очекуваното, иако поведоа релативно рано.

На крајот од 20-тата минута, Романо Шмид постигна прекрасен гол од работ на шеснаесетникот и им го олесни животот на Австријците во овој натпревар. Сепак, дури и пред тој гол, а особено потоа, Јордан имаше неколку исклучителни шанси кои не ги искористи.

Азиската селекција за добрата игра беше наградена во 50-та минута, кога Али Олван во ефектно погоди во контранапад.

Тоа беше првиот гол во историјата на Јордан, во нивниот деби настап на светските првенства.

Од почетокот на второто полувреме, Марко Арнаутовиќ доби шанса на теренот и многу брзо ја промени ситуацијата на теренот.
Во 67-та минута, тој постигна гол кој беше поништен по петминутна ВАР проверка. Девет минути подцна директно влијаеше врз реакцијата на Ал Араб, кој си постигна авто гол.

Но, тоа се врати кај него и кај Австријците во 76-та минута по корнер од левата страна и дуел што го имаше со Ал Араб.

После тоа, Австрија воспостави контрола, но се соочи и со заканите на Азијците, кои одеа на сè или ништо.

Најдобрата шанса до крајот на натпреварот ја имаше Арнаутовиќ, кој во втората минута од судиското продолжение отиде сам пред голманот, но шутираше слабо со левата нога.

Сепак, доби шанса да се исправи за промашувањето. Во 99-тата минута изнуди пенал, а во 102-та минута го реализираше за конечни 3:1.

Foto/ EPA

Scroll to Top