(Видео) АС: Крос беше во право за Барселона

Атлетико Мадрид се квалификуваше во полуфиналето на Лигата на шампионите откако загуби од Барселона со 1:2 во реваншот од четвртфиналето дома, но се пласираше понатаму со вкупен резултат 3:2.

Шпанскиот медиум „АС“ објави статија под наслов „Кроос беше во право“, во која се потсетува на изјавата на поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Баерн и германската репрезентација, кој предвиде дека Барселона нема да ја освои Лигата на шампионите.

Крос, во својот подкаст, уште во јануари, рече дека Барселона, доколку не го смени пристапот кон играта, нема шанса да ја освои Лигата на шампионите.

Откако Барселона го освои Суперкупот на Шпанија во јануари, со победа против Реал, Крос го анализираше стилот на игра на каталонскиот тим во својот подкаст. Тој уште тогаш рече, дека со она што го форсира Барселона на теренот, може да биде нокаутирана од секого.

„Тие се уште се пресреќни поради шпанскиот Суперкуп, но Барса сега ја има Лигата на шампионите, каде што игра против противници од највисоко ниво. Нема да освојат никаков меѓународен трофеј, нема да ја освојат Лигата на шампионите. Ако сте исцрпени и не го менувате стилот на игра, станува очигледно колку сте ранливи. Секој тим може да ги загрози и да ги исфрли од натпреварувањето“, рече тогаш Крос.

Ова не беше прв пат Крос да го критикува начинот на кој игра Барселона под водство на тренерот Ханси Флик.

Минатата сезона тврдеше дека не можат да ја освојат Лигата на шампионите ако продолжат да играат одбрана на ист начин. За сега е во право со своите коментари, бидејќи тимот на Флик не успеа да стигне до финалето на Лигата на шампионите во двете години под негово водство, заклучува „АС“.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top