(Видео) Без Дончиќ, Ривс, Леброн Лејкерси на -46 против Оклахома

Бранителот на титулата во НБА лигата, Оклахома, среде Лос Анџелес ги декласира Лејкерси со 123.87.

ЛА Лејкерс без Дончиќ, Леброн Џејмс, Ривс и Смарт, немаа никакви шанси против најдобриот тим во лигата.

Шеј Гилџис-Александер постигна 25 поени и имаше осум асистенции за околу 28 минути на паркетот, повторно немаше потреба да се мачи, ова е шести триумф по ред за шампионот. Холмгрен додаде дабл-дабл, 15 поени и 10 скока, Ајзеа Џо постигна шест тројки. Оклахома шутираше за три поени со 50 отсто успешност. Кај домашните Хачимура беше најефикасен со 15 поени.

Натпреварот го обележа инцидентот на клупата на Лејкерси, меѓу тренерот Редик и Вандербилт.

Сè се случи на почетокот на втората четвртина, кога Редик побара тајм-аут и одлучи да го повлече од теренот Вандербилт, кој беше во центарот на вниманието поради три промашени слободни фрлања на крајот од првата четвртина. Таа одлука очигледно не му се допадна на крилниот играч на Лејкерси.

Вандербилт реагираше бурно, влезе во расправија расправа со тренерот, а според видеата и извештаите од местото на настанот, ситуацијата брзо се претвори во сериозен вербален конфликт.

Резултати:

Вашингтон – Чикаго, 98:129
Индијана – Минесота, 104:124
Бруклин – Милвоки, 96:90
Торонто – Мајами, 121:95
Бостон – Шарлот, 113:102
Њу Орлеанс – Јута, 156:137
Голден Стејт – Сакраменто, 110:105
ЛА Клиперс – Далас, 116:103.

Scroll to Top