Црногорецот Никола Вучевиќ го реши дуелот на двата најдобри тима во Источната конференција, во НБА лигата. Чикако забележа победа над Филаделфија со 115:113. Чикаго направија вистински подвиг на овој натпревар бидејќи во еден период имаа негатива од 24 поени.
Херои на Чикаго Булс беа Џош Гиди со трипл-дабл учинок и Никола Вучевиќ, кој погоди за победа на 3,2 секунди пред крајот.
Гиди го заврши натпреварот со 29 поени, 15 скока и 12 асистенции, станува првиот играч на Булс по Мајкл Џордан (1989) кој забележал трипл дабл на два последователни натпревари.
Вучевиќ го заврши натпреварот со 19 поени и 10 скока, додека Исак Окоро додаде 16 поени.
Тајрис Макси беше најдобар за Филаделфија со 39 поени, Џоел Ембиид додаде 20, а Кели Убре Џуниор 18 поени.
Чикаго со скор 6-1 се лидери на Истокот, зад нив е Филалделфија со пет победи и два порази.







