(Видео) Гендузи славеше пред навивачите на Лион, играчите се степаа во тунелот

Враќањето на Фенербахче во Лигата на шампионите по 18 години беше засенето од голем скандал по натпреварот против Лион во Франција.

Во центарот на настанот беше играчот од средниот ред на турскиот клуб Матео Гендузи, поранешен фудбалер на Олимпик Марсеј, кој за време и по натпреварот дополнително ја вжешти веќе вжештената атмосфера со своето однесување.

Гендузи беше мета на домашните навивачи за време на загревањето, а ситуацијата стана уште потензична кога покажа среден прст кон трибините.

Вистински хаос се случи по последниот свиреж на судијата.

Гендузи ја прослави победата пред навивачите на Лион, извикувајќи „Напред, Марсеј!“ и имитирајќи ги карактеристичните движења на раперот од Марсеј, Жил.

Ваквото однесување предизвика бурна реакција од играчите на францускиот клуб, по што имаше турканица со Гендузи.

Конфликтот набрзо се префрли во тунелот на стадионот, каде што фудбалерите и членовите на стручните штабови на двата тима се вклучија во инцидентот.

Ситуацијата се претвори во масовна тепачка, а сцените од тунелот привлекоа големо внимание на јавноста.

За време на инцидентот, беше повреден и тренерот на голманите на Лион, Антонио Фереира.

Капитенот на Лион, Корентин Толисо, по натпреварот остро го осуди однесувањето на играчот од средниот ред на Фенербахче.

„Му реков да остане скромен во победата и да слави со својот тим во соблекувалната, бидејќи навивачите нè навредуваат секој викенд кога играме надово од нашиот стадион, па затоа не реагираме така“, рече Толисо.

Гендузи, од друга страна, понуди поинаква верзија на настаните.

Францускиот фудбалер тврдеше дека навивачите на Лион го навредувале во текот на целиот натпревар, како и дека ги споменале неговата мајка и семејство.

Инцидентот би можел да има епилог и надвор од теренот, бидејќи се очекува реакција на УЕФА.

Foto/ EPA

Scroll to Top