(Видео) Два гола на Роналдо – Португалија пукна петарда во голот на Узбекистан

Португалија ја забележа првата победа на Светското првенство и обезбеди место во нокаут фазата. Португалците со 5:0 (3:0) го победија аутсајдерот Узбекистан.

Кристијано Роналдо постигна два гола. Првиот во шестата минута со што ја прекина серијата од 10 натпревари без постигнат гол на светските и европските првенства. Роналдо воедно стана вториот најстар стрелец во историјата на Мундијалите.

По голот на Роналдо во шестата минута, во 17-та Нуно Мендеш од слободен удар зголеми на 2:0.

Узбекистан потоа малку ја презеде контролата врз топката, Галиев постигна фанатстичен гол во 29-та минута, но ВАР-от се активираше, пресуди дека имало претходно фаул врз Кансело.

До крајот на првиот дел Роналдо го постигна вториот гол, негов 10-ти на Мундијалите, со што стана најефикасниот Португалец кога се во прашањето натпреварите на Мундијалите.
Во вториот дел Португалците постигнаа уште два гола, Неметов во 60-та минута ја погоди сопствената мрежа, а во 87-та Леао стави точка на натпреварот.

Во последното коло, во групата, Португалија ќе игра против Колумбија, а Узбекистан против ДР Конго.

Foto/ EPA

Scroll to Top