(Видео) Десетта победа во низа за Денвер, Јокиќ за 31 минута до трипл-дабл

Кошаркарите на Денвер Нагетс, изминатата ноќ, ја забележаа 10-та последовна победа во НБА лигата. Во Бол арена, во Колорадо, Денвер убедливо ги порази Мемфис Гризилис со 136:119.

Последниот пат кога Денвер имаше двоцифрена серија победи беше во 2013 година, што значи дека ова е прва серија од ваков вид откако Никола Јокиќ го носи дресот на Нагетс.

Што се однесува до Мемфис, тие загубија 18 од последните 20 натпревари и одамна се надвор од трката за плејофот.

Никола Јокиќ, центарот на српската репрезентација, забележа уште еден трипл-дабл, 34-ти во сезоната, а 198-ми во неговата НБА кариера. Само Расел Вестбрук е пред него со 209 вакви натпревари.

Јокиќ помина 31 минута на паркетот и постигна 14 поени (5/8 од поле, 4/5 слободни фрлања), 16 скока, 10 асистенции и 2 украдени топки и 2 изгубени топки. Ова беше 89-ти трипл-дабл на Јокиќ постигнат во текот на три четвртини. Во последниот период, немаше потреба Аделман да го користи Јокиќ, бидејќи Денвер имаше убедливо водство.

Неговата замена, Јонас Валанчунас, го одигра 1.000 меч во НБА кариерата. Јубилејот го обележа со 14 поени.

Покрај центрите, Јокиќ и Валанчунас, уште шестмина кошаркари на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасен со 26 беше Џамал Мареј, 18 поестигна кем Џонсон.

Денвер со овој триумф речсии го обезбеди третото место на Западот и дуел со шестопласираната Минесота, во првото плејофо коло.

До крајот на регуларниот дел од сезоната, Денвер ќе одигра два дерби натпревари, против Оклахома на домашен терен и во Сан Антонио.

Резултати:

Кливленд – Атланта 122:116
/Мичел 31 – Александар Вокер 25/

Детроит – Милвоки 137:111
/Дурен 21 – Ролинс 23/

Орландо – Минесота 132:120
/Банкеро 20 – Шенон 33/

Сан Антонио – Портланд 112:101
/Фокс 25 – Авдија 29/

ЛА Клиперс – Оклахома 110:128
/Ленард 20 – Холмгрен 30/

Финикс – Далас 112:107
/Букер 37 – Пулакидас 23/

Scroll to Top