(Видео) Ланс прв пат во историјата го освои Купот на Франција

Фудбалерите на Ланс го освоија Купот на Франција откако го победија тимот на Ница во финалето во Париз. Натпреварот на стадионот „Стад де Франс“, во Сен Дени заврши со резултат 3:1.

Ланс прв пат во историјата го освои во националниот куп, претходно три пати губеа во финалниот меч (1948, 1975 и 1998).

Головите ги постигнаа Флоријан Тован во 25-та, Одсон Едуар во 42-та и Абдала Сима во 78-та минута за Ланс, Џибрил Кулибали во 45+3. минута за Ница.

Фудбалерите на Ланс, вицешампиони на Франција, ја оправдаа својата улога на фаворити и ја завршија сезоната на најубав начин.

Scroll to Top