(Видео) Лига куп: Рутински победи на Ливерпул и Арсенал

Ливерпул и Арсенал изборија пласман во осминафинбалето, во Лига купот на Англија. Ливерпул го победи Тотенхем со 3:1, додека Арсенал со 4:2 славеше победа во Ипсвич.

Сè започна со прекрасниот гол на Мекалистер во 21-та минута, а предноста на Ливерпул ја зголеми Гакпо во 54-та минута.

Во 69-та минута, Галагер ја врати надежта кај гостите, но херој на Ливерпул беше голманот Мамардашвили, кој брилијантно го одбрани обидот на Мармуш во финишот.

Собослај стави точка на натпреварот во првата минута од судиското продолжение, „испука торпедо“ од речиси 30 метри во голот на Тотенхем.

Во истиот термин, Арсенал славеше како гостин против Ипсвич, 4:2.

Херој на „топџиите“ беше младиот Дауман, двоен стрелец, кој постигна гол во седмата и 47-та минута.

Победата на Арсенал ја запечатија Мадуеке во 16-та минута и Мерино во 58-та минута, а Ипсвич успеа да го ублажи поразот до крајот преку Мехмети во 62-та минута и Акпом во првата минута од судиското продолжение.

Како гостин, Брентфорд го совлада Рединг (2:1), Фулам беше подобар од Вест Хем (3:2), додека Питерборо го елиминираше Барнсли – 3:3 (7:6) на свој терен, по изведувањето на пенали.

Scroll to Top