(Видео) Меси со хет-трик го растури Алжир

Аргентинските фудбалери го победија Алжир на отворањето од Групата Ј на Мундијалот со резултат од 3:0 (1:0), благодарение на спектакуларната игра на Лионел Меси.

Според многумина, најдобриот фудбалер на сите времиња го одбележа натпреварот на секој можен начин и ја направи оваа вечер незаборавна.

Пред точно 20 години тој го одигра својот прв натпревар на Светските првенства за својата земја, против Србија и Црна Гора во Гелзенкирхен, а потоа стана најмладиот стрелец во историјата на Аргентина.

Токму оваа вечер, кога го одигра јубилејниот 200-ти натпревар, постави неверојатен рекорд, стана првиот играч во историјата што играл на дури шест Светски првенства.

А кога започна натпреварот, Меси ја предводеше својата нација до одбрана на титулата светски шампион со еврогол, а подоцна со уште два гола го достигна рекордот на Мирослав Клозе од 16 гола на светските првенства.

Меси погоди во петтата минута, но неговиот гол по асистенција од Лаутаро Мартинез беше поништен поради офсајд.

Од истата причина, три минути подоцна на другата страна, Алжир беше спречен да поведе, бидејќи Фарес Шаиби го совлада Емилијано Мартинез од недозволена позиција.

Сепак, во 17-та минута сè беше чисто како солза и спектакуларно под водство на Лео Меси.

Тој доби додавање низ средината и ја повлече топката, а потоа испука проектил од околу 20 метри и му ги „скрши“ прстите на Лука Зидан.

Стадионот „Ароухед“, каде што имаше над 70.000 навивачи во сино-бели дресови, еруптираше во секунда. После тоа, Аргентина целосно го внесе натпреварот во свој ритам, истиот со кој ги здроби своите ривали во Катар, како и за време на квалификациите за Јужна Америка.

На моменти, тимот на Лионел Скалони играше, но до крајот на првото полувреме не се закануваше сериозно.

Слично беше и на почетокот на второто полувреме, а потоа Лео Меси повторно блесна.

Алексис Мекалистер шутираше од далечина, а Лука Зидан ја одби топката но само до ногата на Меси, кој со десната нога го зголеми резултатот на 2:0.

Синот на Зидан потоа му одбрани чиста шанса на Меси, но само го одложуваше неизбежното, бидејќи во 76-та минута Меси постигна хет-трик и својот 16-ти гол на Светското првенство.

Целиот тим на Аргентина играше за него и му ја достави топката во неговата омилена зона, фронтално на работ од шеснаесетникот, од каде што тој совршено го погоди левиот агол.

Меси стигна до својот 16-ти гол на Светското првенство и го израмни претходниот рекордер Мирослав Клосе, со огромна можност да постави нова граница до крајот на ова првенство.

Foto/ EPA

Scroll to Top