(Видео) Реми во Амстердам, Дувикас ја шокира Србиија, атомски фудбал во скандинавското дерби

Холандија и Германија одиграа 1:1 во дербито од првиот ден, во Лигата на нации. Норвешка го доби скандинавското дерби против Данска со 3:2, Португалија минимално го победи Велс со 1:0, а Србија доживеа целосен шок во Белград, загубија од Грција (1:2), со гол во 95-та минута.

Вистинска војна водеа Холандија и Германија во Амстердам. На клупите на овие репрезентации како селектори дебитираа Чави и Јирген Клоп.

Клучниот момент за „војната“ се случи во 32-та минута кога Феликс Нмеча го постигна водечкиот гол за Германците, но по голема контроверза.

Имено, претходно Брајан Броби се пожали на повредата и долго време лежеше на средината на теренот, на што Германците не обрнаа внимание. Судијата не ја прекина играта и во продолжението, Нмеча погоди за 0:1.

Холанѓаните се жалеа, беа доста бесни додека Германците славеа, а Јирген Клоп ги ширеше рацете, како да му се извинува на Чави.

Холанѓаните веќе беа бесни од одлуката на судијата неколку минути пред тоа, кога голот на Вирџил ван Дајк беше поништен затоа што Броби наводно му пречел на Тер Штеген од недозволена позиција, иако тој ниту се помрдна ниту го допре голманот на Германија.

Сето ова имаше ефект што во второто полувреме гледавме вистинска „војна“ помеѓу двете селекции.

Немаше повеќе голови сè до 92-та минута кога видовме допир на магија од Рубен ван Бомел, син на славниот Марк ван Бомел, и асистенција со надворешната страна на копачката за Коди Гакпо и конечното израмнување на 1:1.

Во следната рунда, Германија ќе се сретне со Грција во Аугсбург, додека Холандија ќе гостува во Србија за три дена на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Србија ја започна Лигата на нации со пораз. Имаа Србите водство од четвртата минута со голот на Живковиќ, но потоа се бранеа речиси цел натпревар и на крајот не успеа да спасат бод. Цолис изедначи во 80-та минута, потоа во 91-та Србија имаше две одлични шанси, Јовељиќ ја погоди стативата, а ударот на Лукиќ го одбрани грчкиот голман.

Одлуката падна во 95-та минута, Цимикас центрираше, голманот Милинкови-Савиќ имаше погрешна проценка, неговата одбрана беше лошо поставена и Дувикас ја затресе мрежата со глава за 1:2.

Португалија го пречека Велс во Лисабон и беше апсолутен фаворит, но победи „само“ со минимален резултат.

Единствениот гол на стадионот „Жозе Алвеладе“ беше дело на Жоао Феликс, кој во 22-та минута погоди од околу 20 метри.

Португалците не импресионираа на дебито на новиот селектор Жорж Жесус, а не импресионираше ниту Кристијано Роналдо, кој на 42-годишна возраст е сè уште стартер во својата репрезентација.

Во истата оваа група 4, атомски фудбал одиграа Норвешка и Данска. Норвежаните водеа со головите на Боб и Халанд, а Данците се вратија преку Дамсгард и Хојлунд, Победата на домашната репрезентација им ја донсе Халанд во 74-та минута.

Foto/ EPA

Scroll to Top