(Видео) Роналдо со солзи во очите – остана без уште еден трофеј

Кристијано Роналдо (41) три и пол години откако се приклучи на Ал Наср, се уште не освоил важен трофеј. Во финалето на Азиската Лига на шампиони 2, што е пандан на Лига Европа, Ал Наср загуби од Га,мба Осака со 0:1.

И покрај доминацијата на Ал Наср во првото полувреме, јапонскиот тим поведе во 30-тата минута. Стрелец на голот за победа беше Турчинот Дениз Хумет.

До крајот на натпреварот, Осака ја задржа предноста и стана првиот јапонски клуб што ја освоил Азиската Лига на шампиони 2, која постои од 2004 година.

Што се однесува до Ал Наср, тие сè уште се без титула од доаѓањето на Кристијано Роналдо во јануари 2023 година. Роналдо заработува 200 милиони евра годишно во Арабија, а во 141 натпревар за Ал Наср постигна 121 гол. Сепак, тој сè уште не освоил ништо со саудискиот клуб освен незначајниот Куп на арапски клубски шампиони на УАФА.

По завршувањето на натпреварот, Роналдо беше бесен и на работ на солзи. Се зборува за неговиот потег.

Иако Роналдо е капитен на Ал Наср, тој не се појави на церемонијата на доделување на медалите и трофеите. Додека неговиот тренер и сите негови соиграчи дојдоа и ги зедоа сребрените медали и им честитаа на своите ривали за победата и трофејот, бесниот Роналдо веднаш отиде во соблекувалната по поразот и не се врати на церемонијата.

Scroll to Top