(Видео) Спектакуларни ножички на Павловиќ против Саудиска Арабија

Репрезентацијата на Србија ја победи Саудиска Арабија со 2:1 во пријателски натпревар одигран во Бачка Паланка.

Натпреварот на стадионт на ТСЦ го одбележа голот на Страхиња Павловиќ. Во 66-та минута дефанзивецот на Милан, со спектакуларни ножички го изедначи резултатот.

Четири минути подцна, најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација, Александар Митровиќ го комплетираше пресвртот.

Претходно, Саудска Арабија имаше водство од осмата минута. Абдула Ал Хамдан, ја искористи големата грешка на левиот бек Алекса Терзиќ.

Foto/ Starsport

Scroll to Top