(Видео) Тепачка меѓу „Давид и Голијат“, малиот Алварадо го нападна големиот Вилијамс

Кошаркарите на Феникс ја продолжија добрата серија во Њу Орлеанс, каде што ги победија Пеликанс со 123:114.

Резултатот остана во сенка на инцидентот на паркетот, физичката пресметка меѓу Марк Вилијамс и Хозе Алварадо.

Клучниот момент од натпреварот се случи две минути пред крајот на третата четвртина.

По еден блок, бекот на Пеликанс, Хозе Алварадо, кој е висок 183 см, го изгуби трпението и го нападна значително поголемиот центар на Феникс, Марк Вилијамс, кој е висок 216 см.

За разлика од вообичаените НБА инциденти, овој пат летаа и тупаници. Изгледаше како судир „Давид и Голијат“.

За секунда, играчите на двата тима се вмешаа, настана хаос, а судиите ги испратија двајцата актери во соблекувалната.

Scroll to Top