(Видео) Хамилтон: Бескорисен сум

Луис Хамилтон се огласи по борбата за пол-позицијата за Големата награда на Унгарија. Хамилтон го имаше 11-то најдобро време со 1:15.702 во квалификациите на Хунгароринг. Очекувано не беше задоволен од тоа настапот во квалификациите. „Јас сум бескорисен, апсолутно бескорисен. Тимот нема проблем, можете да го видите автомобилот на пол-позиција. Веројатно треба да го сменат возачот“, изјави Хамилтон за „Скај Спортс“. Неговиот колега Шарл Леклер го имаше најдоброто време и ќе стартува од пол-позицијата на трката во недела. Леклер беше најбрз со 1:15.372.

Scroll to Top