(Видео) Црвен тепих и одличен пречек за Аргентинците

Аргентинската репрезентација пристигна во Буенос Аирес откако загуби со 1:0 од Шпанија во финалето на Светското првенство.

Претседателот на фудбалската асоцијација Клаудио Тапија, заменик капитенот Николас Отаменди и тренерот Лионел Скалони беа првите што го излегоа од авионот.

За вицешампионите на планетата беше поставен црвен тепих, како и почесна гарда. Голем број навивачи ги пречекаа на улиците на главниот град.

Првично беше планирано да одат со обичен автобус, но кога луѓето од Асоцијациата видоа колку луѓе има на улиците, одлучија да се користи автобус со отворен покрив. И покрај зимата и доцните часови, вицешампионите на планетата имаа одличен пречек.

Лионел Меси, капитенот и најдобар играч на тимот, не се врати со тимот, туку ќе се упати директно од Мајами до неговиот роден Росарио со приватен авион.

Scroll to Top