(Видео) Шок во Аугзбург, Грција ја победи Германија

Веројатно најголемото изненадување на Лигата на нации во овој циклус се случи вечерва во Аугсбург, каде што Грција ја шокираше Германија.

Во групата 2 од Лигата А на Лигата на нации, Грција ја победи Германија со 1:0.

Малкумина очекуваа дека избраниците на Иван Јовановиќ ќе освојат барем бод од овој натпревар, а тие си заминаа дома со сите три бода.

Статистиката беше на страната на Германците, кои имаа повисок „xG“ и покрај поразот, 76 отсто на топката и 15 наспроти осум шутеви кон голот на противникот, но – залудно.

Грците се држеа и издржаа, а потоа во 74-та минута го нокаутираа својот ривал со голот на Курбелис, кој, иако со многу среќа, го совлада Нибел.

До крајот на натпреварот, Германците имаа една добра шанса преку Гнабри, а гостите можеа да ја удвојат предноста по проектилот на Павлидис, но топката отиде преку пречката.

Германија сега има натпревар со Србија дома на 1 октомври, додека Грците ја пречекуваат Холандија истиот ден.

Foto/ EPA

Scroll to Top