(Видео) Њујорк шампион, Брансон МВП

Њујорк Никс ја освоија шампионската титулата во НБА лигата, откако ги победија Сан Антонио Спарс во петтиот натпревар од големото финале – 94:90 и со вкупно 4:1 во серијата стигнаа до првиот шампионски прстен од 1973 година.

Петтиот натпревар од финалето се играше во Сан Антонио, а домашниот тим го отвори натпреварот подобро и стекна двоцифрена предност во текот на првото полувреме.

Спарс во неколку наврати имаа предност од 16 поени, додека Никс тешко наоѓаа ритам во нападот и шутираа под 30 проценти од поле. Сепак, како и многу пати во текот на оваа финална серија, тимот на Њујорк покажа карактер кога беше најпотребно.

Предводени од фантастичниот Џејлен Брансон, Никс постепено ја стопија негативата. Брилијантниот плејмејкер го одигра натпреварот на својата кариера, постигнувајќи дури 45 поени, од кои 29 беа во второто полувреме.

Тој особено се истакна во последната четвртина, кога постигна 15 поени и практично го однесе својот тим до историски успех. Брансон заслужено ја доби МВП наградата, за најдобар играч во финалето.

Спарс се обидоа да одговорат преку Виктор Вембањама и Дилан Харпер. Харпер го заврши натпреварот со 25 поени, додека Вембањама запиша 19 поени, 14 скока и пет блокади.

Сепак, на самиот крај, домашниот тим не успеа да најде решенија против цврстата одбрана на Њујорк, во која се истакнаа Ануноби и Бриџис. Последните минути донесоа голема борба на двете страни од теренот, но Никсите ја задржаа предноста и го чекаа последниот звук на сирената за голема прослава.

На овој начин заврши една од најдолгите шампионски суши во американскиот професионален спорт, бидејќи франшизата од „Големото јаболко“ чекаше на нова НБА титула цели 53 години.

Scroll to Top