Ракометарите на Вардар 1961 и по третото коло се уште се без победа во Групата Б, во Лигата на шампионите. Вечерва во „Јане Сандански“, македонскиот првак загуби од Висла Плоцк со 26:32 (13:15).
Вардар 1961 пред домашната публика падна „без испукан крушум“, против тактички беспрекорната Висла.
Гостите не потклекнаа на атмосферата во „Јане Сандански“, од стартот го наметнаа својот ритам, стекнаа предност од 3:0, потоа и 7:2. Вардар до полувремето успеа да дојде до минус од два гола.
Во вториот дел гостите одржуваа предност од четири гола, дефинитивно го решија мечот кога стекнаа +7 (20:27).
Со исклучок на Фадуил, сите останати играчи одиграа лош натпревар. Фадуил постигна 14 голови со само едно промашување (9/9 седмерци, 5/6 од поле).
За шест дена Вардар 1961, во четвртото коло ќе гостува кај Висла.
Foto/ facebook.com/rkvardar







