Гордон до 2031 година во Барселона

Ентони Гордон го стави својот потпис на договорот со Барселона. Гордон потпиша договор до 2031 година.

Гордон им се обрати на навивачите и јавноста на шпански.

„Сакав да научам шпански затоа што знаев дека ќе играм за Барселона, верувале или не, го замислував тоа уште од дете. Имав физиотерапеут во Њукасл со кого разговарав на шпански“, рече тој.

„Освоив само еден трофеј со Њукасл, има оган во мене, сакам да победувам тука. Сон е да се победи со најдобриот клуб во светот. Ако требаше да изберам еден трофеј, тоа би била Лигата на шампионите, секако“, додаде тој.

На прашањето како се чувствува во врска со фактот дека Барселона плати речиси 80 милиони евра за неговиот трансфер, ако се знае дека во последните години каталонскиот клуб не инвестирал толку многу пари во еден трансфер, Гордон рече дека е горд, емотивен и задоволен затоа што доаѓа во голем клуб во кој има фантастични играчи.

Foto/ EPA

Scroll to Top