Дембеле не се гледа во потесниот круг за Златната топка: Избра тројца кандидати

Вторник е денот кога ќе ги дознаеме имињата на кандидатите за освојување на Златната топка за 2026 година.

Можеби овој избор е најинтересен во изминатите неколку години. Светското првенство штотуку заврши, каде што некои повторно се докажаа, а некои блеснаа можеби неочекувано или за прв пат.

Списокот треба да биде многу интересен. Церемонијата на доделување на наградите е закажана за 26 октомври и ќе се одржи во Лондон.

Минатогодишниот лауреат, Усман Дембеле, во разговор за „Лекип“ откри кои се неговите фаворити.

„Многумина велат дека исходот е непредвидлив оваа година. Јас не мислам така. Верувам дека наградата ќе остане во рацете на играчите на Пари Сен Жермен. Кои се моите кандидати? Кварацхелија“…

Кој е број еден?

„Не, нема да ги рангирам… Кварацхелија е тука, Хари Кејн имаше извонредна сезона… И би рекол Килијан Мбапе“.

Усман Дембеле?

„Јас? О, не, никогаш не би се втурнал во таа приказна. И да можев да гласам, не би гласал за себе. Има толку многу други одлични играчи. Михаел Олисе, на пример, би можел да биде на таа листа, тој беше одличен минатата сезона во Германија. Потоа Ламин Јамал ​​и Фабијан Руиз. Пачо“…

Според светските обложувалници, прв фаворит за Златната топка оваа година е Хари Кејн (33). Не ја освои Лигата на шампионите, но ја освои двојната круна со Баерн, како и бронзата на Светското првенство, заедно со Златната копачка на клупско ниво.

Постигна вкупно 73 гола во 65 натпревари за Баварците и репрезентацијата на Англија. На сето тоа додаде и осум асистенции.

Само еден играч во историјата на фудбалот имал подобар настап во една сезона – Лионел Меси во 2010/11, кога постигна 82 гола на 69 натпревари.

Интересно е што некои медиуми го поврзуваат овогодинешното преместување на церемонијата од Париз во англиската престолнина со одреден исход од гласањето, бидејќи е добро познато дека Лондон е градот на Кејн.

Сепак, станува збор за 70-годишнината од доделувањето на оваа награда, а првпат му беше доделена на Сер Стенли Метјуз во 1956 година, па тоа е вистинската причина за промена на местото на одржување на оваа церемонија.

Scroll to Top