Прашање на денот е кога најдобриот играч на Кристал Палас, Еберечи Езе ќе се пресели во Тотенхем. Клубот од северен Лондон бара замена за Џејмс Медисон, кој ги повреди лигаментите пред две недели и според прогнозите веројатно нема да игра оваа сезона.
Според медиумите на островот, англискиот репрезентативец постигнал договор со Тотенхем, сега чека истото да го направат клубовите. Работата е во завршна фаза, а вредноста на трансферот ќе биде околу 60 милиони евра плус седум милиони, кои Кристал Палас ќе ги добие преку разни бонуси.
Езе дојде во Кристал Палас во 2020 година од Квинс Парк Ренџерс за 20 милиони евра и постигна 39 гола на 167 натпревари.
Тој беше еден од најзаслужните за изворедната сезона во која тимот од Лондон го освои ФА Купот, што беше првиот трофеј во историјата на клубот. Неодамна, по победата над шампионот Ливерпул беше освоен и Комјунити Шилд. Одигра 11 натпревари за репрезентацијата на Англија и постигна еден гол.
Палас веќе ја започна потрагата по негова замена, а првите опции се Христос Цолис од Клуб Бриж и Билал Ел Ханус од Лестер.
Фото/ Принтскрин