Фудбалскиот клуб Челзи се вклупи во трката за потписот на крилниот напаѓач на Борнмут, Антоан Семењо. Од птртходно е познато дека интерес за овој играч покажаа Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул.
Клубот од „Стемфорд Бриџ“, воспоставил контакт со колегите од Борнмут, прашале под кои услови би биле спремни да го продадат Семењо.
Репрезентативецот на Гана има откупна клаузула од 65 милиони фунти во својот договор, кој стапува на сила на 1 јануари.
Клаузулата нема да биде активна во текот на целиот трансфер период, туку само во првите 10 дена, што им отвора можност на Борнмут да најдат замена за крилниот играч.
Доколку 25-годишникот не го смени клубот во јануари, откупната клаузула ќе биде помала на крајот од сезоната.
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се уште се пред другите клубови и се во израмнета трка за неговиот потпис.
Тренерот на „Црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, го опиша Семењо како „специјален играч“ пред натпреварот против Борнмут, во кој Антоан постигна гол во ремито 4-4.
Сепак, и Ливерпул е заинтересиран, особено откако напаѓачот на „Црвените“, Александар Исак, неодамна претрпе сериозна повреда и се очекува да има подолга пауза.
Тотенхем беше заинтересиран за Семењ во текот наа летото и порано оваа сезона, но сега се сврте кон други опции.
Семењо постигна осум гола во Премиер лигата оваа сезона.
Бормут, по импресивниот почеток на сезоната, западна во криза – тимот на Андони Ираола не знае за триумф од 26 октомври – и го зазема 15-то место на табелата со 22 бода.
Foto/ depositphotos







