Во 114-та минута од натпреварот од осминафиналето помеѓу Швајцарија и Колумбија, Гранит Џака направи грешка и му овозможи голема шанса на Хамингтон Кампаз. За ѓал на Колумбијците, играчот од редот за врска, шутираше над голот.
Подоцна Швајцарците славеа на пенали со 4:3 се пласираа во четвртфиналто каде ги чека Аргентина.
Популарниот „Ел Бичо“, како што е познат на својот континент, не се качи на летот од Ванкувер до Богота како што направија неговите соиграчи.
La jugada clave de la eliminación de Colombia sucedió al minuto 116’ del segundo tiempo extra. La falla horrible de Jaminton “Hijo de Puta” Campaz fue lo alargó a penales el partido en donde dieron el culo gracias a la falla de Luis “Lucho-Come-Mierda” Díaz. #Colombia #SWICOL pic.twitter.com/S86ZmMUfMR
— CaGaDa DeportivA (@CAGADADEPORTIVA) July 7, 2026
Причината, според аргентинскиот портал „Инфобае“, се наводните смртни закани упатени кон Кампаз. 26-годишникот од Тумак не остана нем на ужасните објави на социјалните мрежи.
„Моја Колумбијо, те молам никогаш да не ја изгубиме почитта еден кон друг. Можеме да размислуваме поинаку, чувствуваме фрустрација или тага, но ниедна страст не оправдува омраза или живеење во страв“, подвлече Кампаз и им се заблагодари на мнозинството сонародници и изрази тага поради елиминацијата.
За жал, заканите со смрт кон фудбалерите во Колумбија не треба да се сфаќаат лесно, како што многумина знаат поради трагичниот случај на Андрес Ескобар, кој беше убиен по Светското првенство во 1994 година во САД.
Foto/ EPA







