Комеморација во чест на Жота – Соиграчите во солзи, Невеш му посвети тетоважа

Фудбалските репрезентативци на Португалија се собра за прв пат по трагичната смрт на Диого Жота, а ѕвездата Рубен Невеш му оддаде особено трогателна почит на својот близок пријател и соиграч кој почина на 28-годишна возраст, пишува „Дејли Мејл“. Жота и неговиот брат Андре загинаа во сообраќајна несреќа на почетокот на јули.

Оваа недела, Португалија ги игра своите први натпревари по трагедијата, а како дел од квалификациите за Светското првенство ќе се сретнат со Ерменија и Унгарија.

Фудбалската заедница се збогува со својот омилен играч на различни начини, а Португалската фудбалска асоцијација симболично покани 23 играчи на списокот, оставајќи едно празно место за Жота, кој одигра 49 натпревари за репрезентацијата и постигна 14 гола.

Една од најемотивните почити дојде од Рубен Невеш, кој беше неутешен на погребот на Жота и е голема поддршка на неговата вдовица. На тренингот на репрезентацијата во вторникот, Невес покажа нова тетоважа на левата нога на која тој и Жота се прегрнати. Невес и Жота беа одлични пријатели, а играа заедно за Порто, Вулверхемптон и Португалија.

За да го продолжи наследството на својот пријател, Невеш ќе го носи дресот на Жота со број 21 во националниот тим. Веста ја потврди тренерот Роберто Мартинез.

„Рубен Невеш ќе го добие дресот со број 21 бидејќи на тој начин тој број ќе остане на теренот и со сите нас. Тој имаше многу близок пријател со Диого и е идеална личност да го претставува“, рече Мартинез.

Во вторникот во националниот тренинг центар во Лисабон се одржа посебна церемонија во чест на животот на Жота. На настанот присуствуваше целиот португалски национален тим, вклучувајќи го Кристијано Роналдо, семејството на Жота, фудбалските функционери, менаџерот Жорже Мендеш и португалскиот претседател и премиер.

Вдовицата на Жота, Рута, со која се ожени само 11 дена пред неговата смрт, откри врамена бронзена маица со неговото име и број. Невеш одржа емотивен говор за време на церемонијата, а беше прикажано и видео во кое тој чита рачно напишано писмо до починатиот пријател.

Последниот натпревар на Жота за Португалија беше на 8 јуни, кога тој се истакна во финалето на Лигата на нации, во кое неговиот тим повторно го освои трофејот со победа против Шпанија.

Scroll to Top