Конате ќе отсуствува до три недели

Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Ибрахима Конате ќе биде надвор од терените две до три недели поради повреда на десното колено, објавија шпанските медиуми.

Конате се повреди во средата за време на тренингот на француската репрезентација. Тој го напушти тренинг кампот на францускиот тим и се врати во Мадрид.

„По прегледот што го извршија медицинските служби на Реал, на Конате му беше дијагностицирана повреда на колатералниот лигамент на десното колено. Ќе го следиме понатамошниот тек на неговото закрепнување“, објави Реал.

Мадридскиот клуб не прецизираше колку долго францускиот фудбалер ќе биде надвор од терените, но шпанските медиуми тврдат дека нема да игра помеѓу две и три недели.

Тие истакнуваат дека е неизвесно дали Конате ќе може да се опорави за натпреварот од осмото коло на Ла Лига против Виљареал, кој е закажан за 10 октомври.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top