По серија состаноци што се одржаа во последните два дена, сега е јасно на чија страна застана Управниот одбор на Ливерпул.
Во изборот помеѓу тренерот Слот и апсолутната клупска легенда Мохамед Салах, челниците на Ливерпул го избраа Слот.
Ова најдобро го покажува фактот дека Салах не е дел од тимот што патува во Италија за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер.
„Мохамед Салах не е дел од Ливерпул. Тој не патува на натпреварот од Лигата на шампионите против Интер.
Одлуката ја донесе раководството на Ливерпул заедно со Арне Слот“, пишува „RMC Sport“.
Да ве потсетиме дека по натпреварот против Лидс, Салах одлучи јавно да проговори и да го презентира проблемот.
„Не можам да верувам дека цел натпревар седев на клупата, ова е трет пат по ред. Никогаш не ми се случило во кариерата“, започна Салах и продолжи.
„Многу сум разочаран, направив толку многу за овој клуб сите овие години, особено минатата сезона. Ми се чини дека клубот ме фрли под автобусот. Така се чувствувам. Некој сака да го пронајде виновникот во мене. Клубот ми вети многу пред почетокот на сезоната. Сега сум на клупата, па можам да кажам дека не го одржаа своето ветување.“
Foto/ EPA







