Тренерот на Бостон Селтикс, Џо Мазла, е прогласен за најдобар тренер во НБА, со што официјално заврши доделувањето на индивидуални награди, за сезоната 2025/2026.
Мазула ги предводеше Селтикс до 56 победи и второ место на Истокот и покрај тоа што Џејсон Тејтум го пропушти поголемиот дел од сезоната поради скината Ахилова тетива.
Бостон, сепак, беше елиминиран во првото коло од плејофот, губејќи од Филаделфија со 4-3 во серијата.
Мазула, кој за еден месец ќе наполни 38 години, стана најмладиот добитник на наградата од Фил Џонсон во 1975 година.
Во четири сезони на клупата на Бостон, тој има скор од 238-90, најдобар во НБА во тој период, и ги предводеше Селтикс до шампионската титула во 2024 година.
Тој стана четвртиот тренер во историјата на франшизата што ја освоил наградата за тренер на годината, придружувајќи им се на Бил Фич, Томи Хајнсон и Ред Оербах.
Мазула особено ја нагласи важноста на стручниот штаб.
„За мене тоа значи сè. Многу луѓе не ги гледаат непроспиените ноќи, патувањата, подготовките за натпреварите, видео анализите и целиот труд на помошниците тренери. Потребна е многу работа за да се победи дури и во еден натпревар. Сè започнува од играчите, но огромен дел од заслугата оди на нашиот тренерски штаб“, рече тренерот на Бостон.
Мазула, доби 62 од 100 гласови за прво место во гласањето и беше на 96 гласачки ливчиња, повеќе од кој било друг тренер.







