Репрезентацијата на Аргентина се квалификуваше во осминафиналето на Светското првенство откако, во спектакуларен меч ги победи Зеленор’ските острови со 3:2 во продолжението.
Иако актуелните светски шампиони водеа двапати со головите на Лионел Меси (29′) и Лисандро Мартинез (93′), храбрата африканска репрезентација се врати во игра двата пати. Прво, Дерој Дуарте (59′) израмни на 1:1, додека Сидни Лопес Кабрал постигна гол во 103-та минута за резултат 2:2. Автоголот на Дини во 111-та минута ѝ донесе победа на Аргентина.
„Знаевме дека натпреварот ќе биде многу тежок. Не е случајно што оваа репрезентација не загуби ниту од Шпанија, ниту од Уругвај. Ние го направивме најтешкиот дел од работата, а тоа беше да постигнеме гол. После тоа, требаше да ја пронајдеме нашата игра и да бидеме помирни, но се случи токму спротивното“, рече Меси.
„Не успеавме добро да ги притиснеме, а тие се бореа со своето оружје. Знаевме дека ќе биде тешко. Ова Светско првенство е многу посебно, сè е многу изедначено и секој натпревар ќе биде исклучително тежок“, додаде капитенот на Аргентина, нагласувајќи го менталитетот на тимот: „Секогаш одиме напред, без разлика дали игравме добро или лошо“.
„Преудна беше играта по прекините, сегмент на игарта од кој можеби не сме постигнале гол претходно, а во вакви натпревари тоа е клучно. Имаме добри играчи за играње со глава и успеавме да го искористиме тоа. Ќе биде важно да бидеме силни и во тој сегмент, на што работевме веќе некое време. Во вакво натпреварување, тоа е важно, што се покажа и во овој натпревар“, заклучи Меси.
Foto/ EPA







