Низ целата своја кариера, Марио Балотели приредуваше шоу каде и да играше и се чини дека не беше поинаку ниту за време на неговиот престој во Ливерпул.
Џејмс Милнер се потсети на времето поминато со италијанскиот напаѓач и откри неколку детали од соблекувалната на „Црвените“.
Сепак, една од неговите евалуации не му се допадна особено на Балотели.
„Секогаш се согласував добро со него, иако беше како да имам 11 или 12-годишно дете во тимот“, рече Милнер во подкастот „The Good, The Bad & The Football“.
Долгогодишниот играч од средниот ред на Ливерпул го опиша Балотели како играч на кој му е тешко да не биде во центарот на вниманието.
„Да речеме, стоиме таму и разговараме, а никој не му обрнува внимание. Тој би направил нешто глупаво само за да привлече внимание. Ќе правеше бучава, ќе кршеше работи… само за сите да го гледаат“, раскажа Милнер.
Потоа откри анегдота што можеби најдобро го опишува нивниот однос. Балотели еднаш се појави на тренинг во камуфлиран Бентли, а Милнер тврди дека го удрил неговиот автомобил додека се враќал наназад.
„Го видов како го удира мојот автомобил, а потоа негираше сè пред моите очи“, се присети Англичанецот.
Сепак, не сите спомени беа поврзани со лудориите на италијанскиот напаѓач. Милнер особено ја истакна способноста на Балотели да изведува пенали и го рангираше меѓу најдобрите изведувачи на пенали.
Тој вели дека со години не го видел да промаши пенал на тренинг, а особено се сеќава како Балотели ги следел движењата на голманот и го чекал неговиот потег пред да шутира.
Зборовите на Милнер стигнаа и до „Супер Марио“, кој не сакаше да ја прмолчи споредбата со 11-годишно дете. Балотели проговори во коментар под видеото на својот поранешен соиграч.
„Воау, Џејмс, мислам дека малку претера со делот за детето“, рече Италијанецот.
Милнер неодамна ја заврши кариерата на 40-годишна возраст, додека последниот клуб на Балотели беше Ал Итифак.
Foto/ Depositphotos







