Полските одбојкари ја одбранија титулата европски шампион, откако ја победија Франција со 3:1 во големото финале во Милано, по сетови 31:29, 25:19, 20:25 и 25:16.
Тимот предводен од српскиот стручњак Никола Грбиќ ја одбрани европската титула и уште еднаш потврди дека во моментов претставува една од најголемите сили во светската одбојка. Грбиќ ја предводи Полска од 2022 година, а ова беше неговиот 10 медал од големите натпреварувања.
Првиот сет беше клучен во големото финале кое траеше речиси два часа. По голема борба и спасени четири сет топки Полјаците го освоија со 31:29.
Маратонскиот сет остави трага врз Французите, а на Полјаците им влеа дополнителна самодоверба. Полска доминираше и беа проблем го освои вториот сет со 25:19.
Французите најдоа сила во третиот, најамногу благодарение на блокот, брфу стекнаа предност од четири, а потоа и од седум поени. Полјаците се обидоа но немаа шанси да се вратат во сетот.
Во четвртиот рапсодија на Полска, кој од сите можни позиции освојуваше поени, во еден момент имаа и двоцифрена разлика.
Бронзениот медал на Европското првенство и припадна на Финска. На патот до најголемиот успех во историјата, Финска со 3:0 (25:23, 25:20, 29:27) ја победи Словенија.
Foto/ cev.eu







