Перез доби јасна порака: Олисе не е на продажба

Флорентино Перез убедливо го победи против кандидатот Енрике Рикелме на претседателските избори. Тој ќе го предводи Реал Мадрид до 2030 година.

Перез, во првото обраќање на навивачите им ја вети 16-та титула европски првак и потврди дека Жозе Мурињо ќе го предводи тимот наредната сезона.

Сега, Перез треба да исполни уште едно ветување. Да донесе голема ѕвезда во клубот. Пред изборите се шпекулираше дека клубот ќе потроши 150 милиони евра, за звучно име. Наводно станува збор за фудбалерот на Баерн Минхен, Мајкл Олисе.

Утрово, Перез доби јасна порака од претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.

„Доколку Флорентино Перез сака да ни испрати понуда за Олисе, што досега не се случило, не мора премногу да се труди“, рече Хајнер и додаде:

„Михаел Олисе е играч на Баерн врзан со долгорочен договор. Нема да го продадеме“, јасно порача првиот човек на клубот од Минхен.

Реал веќе ги ангажираше Дензел Дамфрис и Ибрахим Конате.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top